Исчезнатото момче пронајдено мртво - настанот кој го потресе светот

 

Исчезнувањето на осумгодишниот Габриел Круз во јужната провинција Алмеира кон крајот на февруари, ја потресе јавноста во Шпанија.

Во потрагата по момчето се вклучија над 4.000 полицајци и волонтери.

Полицијата ја уапси девојката на таткото откако била сопрена со нејзиното возило.

-Утрово Граѓанската гарда ја запре партнерката на таткото на Габриел и во багажникот на автомобилот го најде мртвото тело на момчето, рече министерот за внатрешни работа Хуан Игнасио Зоидо.

Габриел последен пат бил виден на 27 февруари кога излегол од куќата на баба му во селото Лас Ортичуелас во општината Нихар. Требало да оди дома кај другар, но никогаш не се вратил.

Дел од светските медиуми пренесуваат дека момчето било задавено истиот ден кога било пријавено за исчезнато.

На 3 март, татко му Анхел Круз и неговата девојка која сега е во притвор, Ана Хулија Кезада, најдоа маичка со негова ДНК на 10 километри од Нихар.

 

 

 

12.03.2018 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа