Како да го исчистите бигорот од електричен бокал

 

Кога станува збор за електричниот бокал, за да се сочува од хигиенски аспект, потребно е повремено да се чисти од бигорот кој се таложи по ѕидовите и греачите.

Најлесен и најефикасен начин за ова е токму употребата на оцетот. Можете да користите било кој вид на киселина, алкохолна, винска или јаболкова). Бидејќи лесно го раствора бигорот, а не е штетен по здравјето, оцетот е иделен избор за чистење на сите површини на кои се наталожил бигор.

Она што е потребно да го направите е следното:

1.Во електричниот бокал ставете киселина колку да се прекрие целото дно околу 1 см (околу една мала шолја).

2.Оставете така да отстои барем 20-тина минути. За поголеми наслаги оставете подолго, неколку часа.

3.Потоа, бокалот добро исперете го со вода.

4.Постапката повторувајте ја периодично, на секои 10-тина користења.

Исто така можете да го направите и следното: истурете лимонска киселина (2-3) пакетчиња, ставете малку вода и вклучете го бокалот кратко да проврие течноста. Потоа исплакнете, а вашиот бокал ќе заблеска!

 

 

 

15.12.2017 - 23:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа