Кобна сообраќајка во Македонија: Момче загина на лице место, девојче со тешки повреди

 

Тешка сообраќајка се случила синоќа, по што едно лице загинало, а едно се здобило со тешки повреди.

Синоќа околу 01:20 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Горобинци-Свети Николе патничко моторно возило „Ауди“ со бугарски национални ознаки управувано од 19-годишниот С.С. од Свети Николе изгубилo контрола и удрилo во дрво. 

Во незгодата на местото на настанот починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобила 16- годишна сопатничка од Свети Николе која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. 

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

20.10.2018 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега