Леброн Џејмс стана најмладиот кошаркар кој постигнал 30.000 поени (видео)

 

Кошаркарот на Кливленд Леброн Џејмс стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА лигата кој постигнал 30 000 поени.

На мечот со Сан Антонио му беа потребни само седум поени да ја достигне магичната бројка што се разбира бргу ја оствари и предизвика делириум кај навивачите кои го поздравија со овации.

Покрај тоа Џејмс е првиот кошаркар кој остварил 30 000 поени, 7000 скокови и 7000 асистенции.

Рекордот го оствари со 33 години и 26 дена.

Прв на вечната листа е Карим Абдул Џабар со 38 887 поени.

 

 

 

24.01.2018 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа