Луѓето се бесни на Меган и принцот Хари што токму на овој ден објавиле дека чекаат бебе

 

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, објавиле дека го чекаат своето прво дете, но моментот во кој тоа го објавиле, за јавноста не бил најсреќен, сметаат многумина.

Среќните вести дошле откако парот отпатувал во Сиднеј, на првата интернационална турнеја по Австралија.

Сепак, јавноста е лута поради тоа што Хари и Меган го избрале токму овој ден за да ги објават вестите за бременоста, бидејќи цела недела е посветена на родителите кои тагуваат по починатите деца.

Родителите на бебињата кои починале при раѓање и оние кои не го дочекале раѓањето, го осудиле кралскиот пар поради изборот на момент во кој ја соопштиле убавата вест, сметајќи дека не можеле да одберат полош ден за такво нешто.

Сите се согласуваат дека идните родители можеле да почекаат барем уште еден ден за да ја споделат убавата вест со сите. Ова не е единствената причина поради која кралскиот пар е нападнат, после објавата на вестите за новото бебе во семејството.

Имено, тие во петокот присуствувале на венчавката на принцезата Јуџин, а како што пренесува „Daily Mail“, таму се обелодениле вестите за бременоста.

Меѓутоа, тоа предизвикало вистински скандал, судејќи по тоа дека веднаш почнале да кружат коментари дека тоа не е фер од нивна страна, бидејќи, како што навеле, го „украле денот“ на принцезата Јуџин, која тој ден требало да биде во центарот на вниманието.

 

 

 

17.10.2018 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега