Мајката на убиениот Александар: На нашите мртви деца им течеа солзи додека ги погребувавме

Денешното рочиште за случајот со петкратното убиство кај Смилковци се одложи, но дел од родителите побараа збор, очи во очи со обвинетите, освен еден кој не се појави на рочиштето.

Мајката на Александар, Зорица Наќевска побара од судот и од обвинителството да ја утврдат вистината.

– Судот и обвинителството да ги утврдат улогите на обвинетите, дали се извршители или помагачи. Бараме и да се декодираат броевите кои во пресудата се заведени како државна тајна, а се на функционери од ДУИ, рече Наќевска.

– Децата ни ги убија во четврток вечерта, во петок ни ги донесоа, а нивните очи беа отворени. Се до саботата, додека да ги погребаме им течеа солзи. Сите тие што го извршија грозоморниот чин да се плашат од тие солзи, заврши Зорица Наќевска.

 

 

 

17.04.2018 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега