Македонија засега останува ПЈРМ за ЕУ

 

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, прецизириаше дека сѐ додека не е целосно имплементиран договорот постигнат помеѓу Грција и Македонија за спорот со името, Европската Унија ќе продолжи да ја нарекува земјата според привременото име.

- Договорот е постигнат, но остануваат одреден број чекори кои треба да се преземат за да биде комплетиран, за официјална комуникација ќе продолжиме да ја нарекуваме Поранешна југословенска Република Македонија, како што е случај во нашите соопштенија досега, изјави Коцијанчич.

 

 

 

18.06.2018 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега