Mичел: САД го поддржуваат Западен Балкан во евро-интеграциите

 

Соединетите Американски Држави ги поддржуваат аспирациите на земјите од Западен Балкан во евро-интеграциите, изјави на прес-конференцијата во Приштина помошник-државниот секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел. Тој ги повика косовските институции да го продолжат дијалогот со Србија за нормализирање на односите, а повика и брзо да се реши прашањето со демаркацијата на границата со Црна Гора за да се укинат Шенген визите за граѓаните на Косово. Претседателот на Косово, Хашим Тачи, рече дека со американскиот претставник дискутирале и за трансформирањето на безбедносни сили и за можноста за продолжување на дијалогот со Србија. Тачи нагласи дека Косово нема да дозволи никаква форма на поделба или размена на територии.

„Не сум тука да откријам некој специфичен план, туку дојдов за да разговараме за иднината на Косово и Србија, да зборуваме за дијалгоот за европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Видовме зголемување на руското влијание низ целиот Балкан минирајќи ги демократските институции. Бевме јасни и во нашите дискусии со Русите дека ова влијание не е нивен интерес и интерес на балканските народи“, изјави Вес Мичел- помошник државен секретар за Европа и Евроазија

„Се надевам дека партнерите од владината коалиција на Република Косово разговараат интензивно со Српската Листа и ова прашање ќе се затвори наредните денови. Никој нема причина да доцни со демаркацијата во Собранието на Косово, биле да се албанските партии или партиите на заедниците. Се работи за стратешки интерес на државата“, рече Хашим Тачи- претседател на Косово.

 

 

 

12.03.2018 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа