Мицкоски: Грешките на СДСМ во економијата ги плаќаат сите граѓани, сите сме заложници на нивната неспособност

 

Економијата ни е во една катастрофална ситуација. Економијата во државата, една од двете најголеми и најрелевантни институции во светот, ММф и Светска банка ја ревидираа наместо 3,2, колку што предвидуваше Владата, на 2,3. На 3,2 проценти раст го проектирате и буџетот, што значи дека ви велат овие реномирани институции дека погрешно сте го проектирале. 0,9 % од БДП на 10 ипол милијарди, тоа е од прилика нешто над 100 милиони евра- вие повторно грешка сте направиле, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ.

– Еден од неколкуте економски показатели кои ви кажуваат дека нешто лошо се случува во државата во полето на економијата е малопотрошувачката. Јас собирам искуство секојднево на терен, ја поминав пола Македонија и луѓето без исклучок дали во бурекџилница, бакалница, бутик, кафанџија… велат дека прометот им е опаднат за најмалку 20, 30, па и 50%. Тоа не треба да имате било каква креативност и визија за да го заклучите и сега наеднаш после ова претпоставувам дека ќе стигне едно стерилно соопштение од Центарот за комуникации- ја оправивме економијата, дупката ја закрпивме итн. Ама истовремено треба да се сетат дека кога тераа кампања во предвремените избори 2016 викаа точно знаеме во каква кондиција е државата, имаме решение, нудиме живот за сите. Е сега згрешија, и грешката сите ние треба да ја плаќаме. Како да ја плаќаме ние сите, а без да сноси некој одговорност?, запраша Мицкоски.

Според него, оваа држава во моментов е заложник на немањето на капацитет. -Тоа е суштината, но доаѓа нова надеж, граѓаните не смеат да се разочаруваат затоа што доаѓа нова надеж.

 

 

 

19.04.2018 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега