МВР со детали за пожарот во Крива Паланка - пронајдено јагленисано тело

 

 

 

Маж изгоре вчера при пожар во неговиот дом.

Вчера околу 07:00 часот било пријавено дека во село Узем-Крива Паланка, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на 58-годишниот Љ.С.. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица. При увидот било пронајдено опожареното тело на сопственикот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

20.10.2018 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега