МВР со детали за сообраќајката попладнево кај „Александар Палас“ - две лица итно однесени во болница

 

Денеска во 14:10 часот на булеварот “8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Мазда“ со штипски регистерски таблици, управувано од 66-годишниот Љ.К. од Виница, и патничко моторно возило “Фиат“ со скопски регистерски таблици, управувано од 33-годишниот Д.И. од Скопје, соопштуваат од МВР.

Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи и со возила на Итна медицинска помош Љ.К. бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, додека Д.И. бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“.

Увидот е се уште во тек.

 

 

 

20.02.2018 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа