Напад во православна црква во Дагестан: Џихадист извикал „Алах акбар“ и убил пет жени

 

Џихадистот на Исис, 22-годишниот Калил Калилов со ловечка пушка убил пет жени и ранилш уште пет лица пред православна црква во градот Кизлар во Дагестан. Полицијата го убила напаѓачот.

Џихадистот од Исламската драва планирал да влезе во црквата и да убие уште верници, но полицајците го ликвидирале пред да го стори тоа.

Нападот се случил веднаш после слубата во преполната црква Свети Ѓорѓија, каде верниците го одбележувале празнкот кој се обележува ден пред почетокот на големиот Велигденски пост. Свештеникот Павел Лукијанов навел дека напаѓачот чекал пред црквата за да ги убие верниците.

-Штом верниците почнаа да излегуваат, Калилов почна да пука со ловечката пушка. Тога извика „Алах акбар“. Уби најмалку пет верници и рани уште пет лица. Целата врата беше крвава - рекол Лукијанов.

 

 

 

 

20.02.2018 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа