Назначен нов директор на прилепски „Еурокомпозит“

 

 Дипломираниот машински инженер од Прилеп Златко Граороски е нов директор на прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“. Граороски, кој доаѓа од приватна фирма, вели дека денеска официјално е назначен од претставникот на државниот капитал на компанијата.

- Се уште ништо не може да се рече. Треба да се скенира ситуацијата во фирмата, рече кратко Граороски.

Според синдикатот на компанијата, добро е што конечно се реши прашањето за назначување директор на „Еурокомпозит“ и се очекува наредните три месеци да се реши и прашањето за судбината на вработените и на компанијата.

- Нам како на вработени и на синдикат ни е битно што е избран прв човек на компанијата, да земаме редовно плата и наредните три месеци да се реши судбината на компанијата, но и да се конкретизира пакетот за технолошки вишок како што последно е договорено со премиерот Заев, ни изјави  Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“.

Во наменската фанрика „Еурокомпозит“ се околу 260 вработени и според договорот се очекува да се реши судбината на компанијата со стратегиски инвеститор со што ќе се исплатат заостанатите плати и придонеси за вработените како и оформување пакет за технолошки вишок за 100 вработени.

 

 

 

21.05.2018 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа