Нема подобрување - во четврток нова промена на времето

 

Под влијание на серија влажни бранови во наредните денови ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и позастапени во западните делови од земјава.

Повеќе врнежи ќе има до четврток претпладне, кога во овие делови локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен, а снежната покривка на планините значително ќе се зголеми.

До петок ќе дува умерен југоисточен ветер. Кон крајот на неделава ќе настапи позначително заладување. 

 

 

 

20.02.2018 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа