Несреќа во Македонија: Градежен работник падна од скеле од висина од 6,5 метри

 

На улицата „Едвард Кардељ“ во Струга, вчера 23-годишниот С.Ѓ. од село Велестово, охридско, при извршување на градежни работи  на куќа, паднал од скеле од висина од околу 6,5 метри и се здобил со тешки телесни повреди. 

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.  

 

 

 

 

25.05.2018 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа