Нов топол бран над Македонија - температурите одат над 30 степени

По дожделивата и облачна недела нов топол бран ќе дојде над Македонија. Дождот и облаците ќе се задржат до петок, а од сабота ќе почне разведрувањето.

Од утре до петок ќе имаме речи си идентично време. Повремено ќе пропрскува дожд, а утре и задутре ќе има услови и за електрични празнења и поизразени процеси во форма на невреме.
Температурата се до крајот на неделата ќе се движи меѓу 21 и 23 степени во Скопје и до 25 низ републиката.

По преодниот период во сабота, од недела повторно имаме високи температури.

Во Скопје се очекува да  надминат 26 степени а во некои места во републиката ќе бидат регистрирани и над 30 степени, што е за 7 до 8 степени над повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Топлото време ќе се задржи се до среда а потоа ќе има опаѓање на температурите.

Долгорочните прогнози најавуваат дека за 1 мај ќе останеме во рамките на она што веќе се нарекува традиција кога станува збор за временските услови.
Повторно се најавува облачно време со услови за дожд и температури кои нема да поминат 20 степени.

 

 

 

17.04.2018 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега