Нова средба Коѕијас-Димитров неделава - Американците го поддржуваат „Република Илинденска Македонија“

 

Грчкиот весник „Катимерини“ ги анализира можните потези на тамошните политичари по однос на предлогот „Република Илинденска Македонија“.

За разлика од Грците, Американците целосно го поддржуваат предлогот за „Република Илинденска Македонија“, а ова доаѓа по вчерашниот телефонски разговор меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и американскиот потпретседател Мајк Пенс.

Според „Катимерини“, основно сценарио за решение на спорот за името е „Република Илинденска Македонија“ без превод. За владата на Ципрас, ваквото име е основа за дискусија, а опозициската Нова Демократија не го поддржува.

Коѕијас и Димитров ќе се сретнат пак во четврток и петок во Њујорк.

 

 

 

21.05.2018 - 08:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа