Обвинетите од случајот „Сопот“ бараат 2,5 милиони евра оштета

 

Обвинетите од случајот „Сопот“ денеска заедно со нивниот законски застапник, адвокатот Вулнет Пачуку испратија барање за обештетува до Министерството за правда, преку кое бараат 150 милиони денари или 2,5 милиони евра оштета.

Барањето ги вклучува само осудените кои се во Македонија.

Обвинетите во политички обоениот случај „Сопот“, во кој жители Албанци на селото Сопот се обвинети дека во 2003 година поставиле мина на пат која експлодирала, при што во експлозијата загинаа војници на НАТО.

По враќањето на предметот до првостепениот суд и застапувањето на обвинението од страна на Специјалното јавно обвинителство, на 19 март оваа година, тие беа прогласени за невини.

 

 

 

 

21.05.2018 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа