Омиленото летувалиште на Македонците е полно со крадци - како да се заштитите

 

Туристите од Македонија, кои одат на одмор во Грција лесно може да бидат на мета на крадци кои ограбуваат по плажи и среде бел ден крадат автомобили.

Само во последните десетина дена забележани се повеќе вакви инциденти во Солун и Халкидики, а на мета на разбојници се најчесто туристите кои престојуваат во Касандра и Ситонија.

Задолжително заклучувајте ја вратата од апартманот во текот на ноќта и ништо не оставајте во автомобилите.

Често се случува автомобил да биде ограбен и на паркинзи на кои се наплаќа. Туристите треба да избегнуваат скриени места за паркирање, бидејќи истите им се добро познати на разбојниците.

Туристите треба да водат и сметка за документите кои ги носат со себе, а најсигурно е своите работи да ги остават во хотели кои нудат сефови.Доколку се случи некоја непријатност, а туристите не знаат јазик, најдобро е да повикаат претставник од туристичката агенција кој ќе повика полиција, а во случај да е украден пасош, тогаш и конзуларно претставништво. Агенцијата не ги плаќа трошоците на обиен автомобил, бидејќи за тоа се задолжени осигурувачки куќи.

 

 

 

21.06.2018 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега