Откриена причината за семејниот макаср во Австралија - шестчлено семејство убиено поради бизарна причина

 

Пред помалку од две недели, дедото Питер Мајлс, ги убил на својата фарма сите 6 членови од своето семејство - сопрѕгата Синди, ќерката Катрина и нејзините четири деца, а потоа се убил и себе.

Полицијата не потврдила дали Мајлс зема лекови и кој вид. Но, комесарот Крис Доусон кажал дека тие ќе ги истражат сите аптеки кои може да доведат до некаква трага за убиството.

Досега се знае дека тој почнал да зема лекови против депресија само неколку денови пред да го изврши убиството, кое ја потресе цела Австралија. Некои негови блиски пријатели се сомневаат дека добил лек кој го потикнал неговиот чин или му ја зголемил мислата за убиство и самоубиство.

Полицијата и пријателите и понатаму имаат дилема за тоа што би можело да се случи со семејството кое важело за скромно.

 

 

 

23.05.2018 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа