Ова е дел од разговорот после кој Коѕијас си поднесе оставка

 

Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас достави оставка до грчкиот премиер Алексис Ципас.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифати оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и му се заблагодари за неговиот придонес во Владата и за земјата во изминатите 3,5 години, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.

Оставката на Козијас, според грчкиот медиуми, доаѓа по жестоката дебата на вчерашната владина седница со министерот за одбрана, Панос Каменос. Козијас бил лут зашто премиерот Ципрас доволно не го поддржал во расправијата со Каменос. Една од причиите за раздорот меѓу двајцата министри е и Преспанскиот договор, како и последниот предлог на Каменос договорот за името да се замени со регионален одбранбен договор, пренесува Алсат-М.

Дебата помеѓу Коѕијас и Каменос:

Каменос: Го држам ставот за името ПЈРМ. Нема да бидам дел од обидот за распуштање на Владата.

Козијас: Се обидуваш да правиш надворешна политика врз грбот на владата и државата, за да им служиш на твоите лични и политички цели.

Каменос: Имаше потврда од Министерството за надворешни работи дека прашањето на Скопје ќе дојде во Собрание по изборите.

Козијас: Немаше такво нешто. Чекорите кои се направени, се потврдени од премиерот и од надлежните органи. Можеби си пропуштил неколку владини седници.

Каменос: Ја објаснивме нашата позиција и став. Не е лага како ставот на Мицотакис. Мојата проценка е дека Договорот нема да дојде во Собрание бидејќи нема да заврши процесот во Скопје. Како и да е, нема да се идентификуваме со Нова Демократија.

Ципрас: Договорот е на владата, а не на Министерството за надворешни работи.

Каменос го обвинил Коѕијас за злоупотреба на тајни фондови на министерството за надворешни работи, нарекувајќи го шефот на дипломатијата како човек на американскиот милијардер, Џорџ Сорос.

 

 

 

17.10.2018 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега