Партијата на Села бара оставка од Филипче: Си продолжи со иста песна


Користејќи ја маглата околу проблемот со името на земјата и договорот со Грција, министерот за здравство Венко Филипче продолжува со истата песна објавувајќи тендери со правилата од минатото, овој пат во износ од не помалку од 35 милиони евра.

Ова го велат од партијата на Села и бараат оставка од министерот за здравство Филипче.

- „Овој скандалозен тендер кој произлегува од проектот за централизирање на биохемиски лаборатории на централно ниво е многу сомнителен бидејќи победничката компанија ќе има монопол на целиот бизнис на биохемиски апарати и реагенси за период од три години. За да биде сè уште по сомнително и скандалозно е фактот дека тендерот за кој станува збор е така составен за да победник биде една сомнителна компанија која постои не повеќе од четири месеци, а е раководена од страна на млади и неискусни луѓе во оваа област, но исто така и во областа на здравството во целина, велат денеска од Алијанса за Албанците.

 

 

 

22.07.2018 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега