Прегазена жена утринава во Ѓорче - полицијата врши увид на лице место

 

Жена околу 11 часот денес била прегазена од автомобил кај пазарот во скопската населба Ѓорче Петров, објави Курир.

Очевидци за Курир посочуваат дека по несреќата, повредената жена со возило на Итна медицинска помош била пренесена во некоја од болниците.

Од МВР за Курир информираат дека кај нив е пријавена сообраќајна несреќа во која автомобил „Ауди“ со скопски регистерски ознаки удрило во пешак, женско лице.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата. Засега нема детали за идентитетот на лицата вклучени во сообраќајката, како и за карактерот на повредите на пешакот.

 

 

 

25.05.2018 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега