Пропадна изборот за апелација Скопје - вонредно оценување на кандидатите

 

Судскиот совет не избра претседател на скопска апелација. Советот донесе одлука вонредно да ги оцени сите кандидати, бидејќи судиите од скопска единица кои се пријавени биле на дното на листата со оценките од 2015 и 2016 година, а цела 2017 година не биле оценети, пренесе Сведок.

8 членови на Судскиот совет, наспроти 6, гласаа да се направи ново вонредно оценување на кандидатите на судии и да не се избере денеска наследник на Љиљана Ивановска Шопова која ја напушта функцијата порано поради заминување во пензија.

- За апелација Скопје има пријавено 11 кандидати од кои 4-ца се од Апелациониот суд и тие беа на првите 4 места на ранг листата, 5-ти е Лазар Нанев од Кавадарци, па судијката од Управен, судиите од скопска единица се на 7-9 место, па судијата на скопска двојка и на 11 место е судија од единица.

 

 

 

14.03.2018 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа