Работи кои ги прават среќните парови пред спиење - пробајте, сигурно нема да се покаете

 

Ова се некои од работите кои среќните парови ги прават пред спиење, па проверете и вие дали ќе функционираат во вашата врска:

1. Ги исклучуваат телефоните 

Зависноста кон социјалните мрежи го спречува ослободувањето на окситоцин во вашето тело. Овој хормон е одговорен за емоционална близина и врска.

Исклучете ги вашите телефони или барем поставете ги на нечујно.

2. Забораваат на работата

Обидете се да не размислувате за работата и не го проверувајте вашиот деловен

e-mail кога сте во креветот. Подобро е тоа време да го поминете со вашиот партнер и да се одморите за да бидете подобри и попродуктивни следниот ден. Разговорите пред спиењето носат зближување со партнерот а во исто време помагаат да заборавите на проблемите и да се чувствувате опуштено. Избегнувајте да зборувате за работата и финансиските проблеми.

3. Си легнуваат во исто време

Многу парови не се гледаат по цел ден и имаат навика да си легнат во различни периоди. Среќните паровите заедно ги мијат забите и си легнуваат во исто време. Ова им помага да ја одржуваат топлинаат и интимноста во врската.

4. Разговараат

Посветете внимание на чувствата на другиот. Вие не треба да советувате или да барате решенија за вашите проблеми. Понекогаш само треба да разговарате и вашиот партнер да ја почувствува поддршката од вас. Обидете се да заборавите на сите ваши проблеми и кажете му на вашиот партнер колку многу го сакате.

6. Не се расправаат

Не се расправајте пред да заспиете. Ова нема да помогне во решавањето на проблемите. Така ќе биде спиењето потешко и ќе се почувствувате депресивни следниот ден.

7. Не дозволуваат децата да спијат со нив

Единствениот услов каде што е прифатливо да ги оставите децата во кревет со вас е ако имаат кошмари. Во сите други случаи, вашата спална соба треба да биде вашата приватност. Треба да го имате овој простор за да ја задржите вашата интимност.

8. Не го делат нивниот кревет со миленичињата

Луѓето кои спијат со своите миленици не се доволно одморени. Животните не спијат активно цела ноќ така што ќе ве разбудат и вас со нивното движење или глас.

9. Не ги забораваат бакнежите и прегратките

Не заборавајте да го бакнете вашиот партнер пред да заспиете. Ова е многу релаксирачки и произведува позитивни емоции.

 

 

 

20.04.2018 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега