Револуција: Ќе воведат работна недела со само 4 дена

Компанија од Нов Зеланд сака да воведе четиридневна работна недела, затоа што експериментот којшто го направилесе покажал за апсолутно успешен. Тестот се покажал толку добро што сега компанија планира да воведе работна недела од четири дена за постојано, пишува Б92. Сите вработени покажале поголема продуктивност, помалку нов стрес и подобра рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот, а тоа е поради еден работен ден помалку во текот на неделата.

За време на експериментот, што траел од почетокот на март, до крајот на април, повеќе од 240 вработени биле платени како да работат пет дена во неделата. Проценка за успешноста на екпериментот ја направиле надворешни оценувачи.

Во анкетата, која била спроведена една година претходно, само 54 отсто од вработените изјавиле дека се способни да балансираат меѓу деловното и приватното. По експериментот тој процент се искачил на 78 отсто. Експериментот помогнал да се намали степенот на стрес на работното место за седум отсто, додека тимскиот ангажман скокнал за 20 отсто. Овој експримент е особено важен за Нов Зеланд, кој важи за место кое има најниска продуктивност.

 

 

 

20.07.2018 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега