СДСМ: Договорот го потврдува македонскиот идентитет и државност, ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка

Разногласието и отсуството на став на Христијан Мицкоски не смее да биде причина за најважното прашање за иднината на државата да се шират невистини, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ , Александар Николоски.

„Македонско -грчкиот договор го гарантира и зајакнува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност и никој нема да може да ги оспорува или негира.

Зошто само  ВМРО-ДПМНЕ бега од тоа? Македонскиот идентитет да биде признаен од целиот свет, вклучително и од Грција?

Уставните промени ќе се реализираат по референдумот во духот на македонско -грчкиот договор и го гарантираат македонскиот идентитет.

Со промените децидно се повикуваме на конститутивните документи на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност, а согласно Спогодбата се дефинира дека ниедна страна нема територијални претензии кон другата.

Ќе се обезбедат и гаранции за непроменливоста на државните граници на Република Македонија.

Доколку навистина е за ЕУ и НАТО, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја напушти матрицата на лажни вести и ќе даде поддршка на процесот што ја обезбедува македонската иднина.

Се уште има доволно време, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се приклучат кон мнозинството граѓани, да покажат одговорност и да го повикаат членството да излезе на референдумот и да гласа ЗА европска Македонија!

Мицкоски да го поддржи референдумот заради заштита на македонскиот идентитет и за членство на Македонија во НАТО и ЕУ“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

20.09.2018 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега