Се одмотува клопчето за крвопролевањето на Крим: Убиецот немал бомба, влегол и ги изрешетал децата

 

Бројот на жртвите во вчерашниот напад на колеџот во Керчс на Крим се зголеми на 20 лица, соопшти министерката за здравје вио Русија, Вероника Скворцова.

Напаѓачот во колеџот во Керч легално поседувал оружје, соопшти премиерот на Крим Сергеј Аксјонов.

– Тој законски поседувал оружје, рече Аксјонов.

Претходно, пратеникот Александар Хинштајн изјави дека 18-годишниот студент Владислав Росљаков минатиот месец добил дозвола за носење пиштол.

Рослјаков минал низ зградата пукајќи на студентите пред да се самоубие.

Рускиот истражен комитет наведува дека убиените во нападот настрадале од прострелни рани, иако претходно имало информација дека се случила експлозија на бомба од рачно производство.

Повредени се 53 лица, од кои 12 се во тешка состојба.

Росљаков беше ученик во четврта година. Неговото тело со прострелна рана е пронајдено во библиотеката на вториот кат. Тој немал криманално досие, не бил агресивен, бил примерен ученик и добивал стипендија.

 

 

 

18.10.2018 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега