Шилегов се огласи за коцката пред неговата вила во Маврово

 

Шилегов демантира дека коцката од Град Скопје ја поставил во својата вила во Маврово.
Шилегов вели дека порталот Лидер кој ја објави информацијата биле Лидер во лажење.
Шилегов вели дека целта на ваквите текстови е политичарите од власта да се израмнат со оние од опозицијата кои според него биле корумпирани а сето тоа во време кое како што вели е историско за Македонија.
Вчера порталот Лидер објави фотографии на кои се гледа гранитна коцка иста како онаа која беше извадена од неколку локации во Скопје како се реди пред самиот влез на вилата на Шилегов во Маврово.
Порталот тврдеше дека станува збор за коцката од Скопје која Шилегов си ја искористил во приватни цели.

 

 

 

 

20.09.2018 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега