Што се всушност точките и дамките кои ги гледаме кога ќе ги протриеме очите (видео)

 

Сите знаеме за оние невообичаени точки кои ни се прикажуваат пред очите откако ќе ги истриеме.

Но, за волја на вистината знаат да се појават и во некои други прилики. Не станува збор за никакви халуцинации ниту „прикази“, туку се работи за сосема вообичаена појава која ја има преку 70 отсто од популацијата.

Научниците откриле дека се работи за “Muscae Volitantes”, што всушност е назив за летачки мушички кои постојат во внатрешноста на очното јаболко. Доколку помисливте дека се тоа живи организми, се лажете, иако тие се движат и го менуваат обликот.

Значи, целата таа „пајажина“, „летачките честички“ и „дамки“ пред вашите очи не се причина за грижа.

Станува збор за мали, речиси незабележителни „предмети“ кои фрлаат сенка на нашата рожница. Може да бидат парчиња од ткиво, црвните крвни зрнца или грутчиња протеини, и затоа што се наоѓаат во течноста која ги исполнува нашите очи, се движат заедно со движењата на окото.

Колку сте постари, ваквата појава е позачестена.

 

 

 

22.06.2018 - 07:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа