Снег во Македонија вечерва - каде вее во моментов

 

На планинскиот превој Стража поради врнежи од снег од 19:10 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Претходно АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, а врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, Стража, Маврово, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. 

 

 

 

20.02.2018 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа