Столтенберг во дводневна посета на Македонија

 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на 17 и 18 јануари ќе престојува во дводневна посета на Република Македонија. Во рамки на посетата Столтенберг ќе оствари средби со државниот врв, со министри, како и со некои од претседателите на политичките партии.

 

Во рамки на посетата, предвидена е и заедничка прес-конференција на генералниот Секретар, Јенс Столтенберг со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во четврток во 16 часот во Владата на Република Македонија.

 

 

 

12.01.2018 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа