Тешка сообраќајка во Македонија - жена итно префрлена на Клиника

 

Сообраќајна несреќа се случила вчера во Битола, по што едно лице се здобило со тешки повреди, информираат од МВР.

Имено, во полициска станица  во Битола вчера било пријавено дека на улицата „Партизанска“ се случила сообраќајна незгоа помеѓу патничко моторно возило „,Мерцедес“ со ресенски регистерски таблици управувано од 42-годишниот К.С. од Ресен, и патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистерски таблици управувано од 54-годишниот Н.О.А. од Битола. Во незгодата К.С. се здобила со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола каде и била укажана лекарска помош, но поради сериозноста  на повредите истата била префрлена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

21.09.2018 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега