Трагедија во Македонија: Мртов маж пронајден во водите на реката Вардар

 

Вчера околу 13:15 часот во близина на село Сараќино, тетовско, 65-годишниот М.К.  од село Сараќино пријавил дека во реката Вардар имало заглавено тело на машко лице.

Полициски службеници извршиле увид на местото и констатирале дека се работи за 91-годишниот Г.Ш. од село Стримница, кој на 17.05.2018 година бил пријавен за исчезнат.

Лекар од судска медицина извршил преглед над телото и констатирал дека нема траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството. 

 

 

 

25.05.2018 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа