Трик од 15 минути ќе ви помогне да се решите од сите долгови

 

Само 15 минути време месечно може да ви помогне паметно да управувате со своите финансии!

Често ни е тешко паметно да ги распоредиме парите, а да ни бидат доволни за сè, особено за долгорочни планови.

Бизнисменот Дејвид Кох, меѓутоа, тврди дека само 15 минути месечно можат да ви помогнат да се извлечете од долговите и да направите свој финансиски план и распоред.

– Одвојте време и размислете за своите финансиски цели и за тоа како да ги постигнете. Потоа направете основен буџет и проверете дали живеете во рамки на своите можности, вели Кох за Дејли Телеграф.

– Секој месец одвојте само 15 минути за да размислите за своите пари. Поставете ги своите цели и проценете како стоите со финансии. Тогаш, според тоа прилагодете го своето однесување, вели Кох.

Ако сте во долгови или однапред се грижите за некои трошоци кои допрва би требало да се појават, ова е добар начин како да смислите паметна стратегија за понатаму.

 

 

 

21.05.2018 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега