Трипуновски во Неготино: Кај граѓаните владее големо разочарување од штетните политики на СДСМ и Заев

 

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски денеска оствари средба со граѓаните на општина Неготино. Во разговори со граѓаните било констатирано дека владее разочарување од штетените политки што ги води СДСМ и Владата на Зоран Заев.

Според Трипуновски граѓаните во Неготино се соочуваат со истите проблеми како и нивните сограѓани од другите населени места.

Во разговори со земјоделците, било истакнато дека нема пласман на нивните земјоделски производи,а како дополнителен проблем била посочена цената и пласманот на пиперката, пченицата но и на сите останати земјоделски производи.

Во разговорот со нив како како неизбежна тема се наметнал капитуланскиот договор што го потпиша Зоран Заев со Грција. Граѓаните посочија дека се незадоволни од лагите кои им ги кажува Зоран Заев дека доколку референдумот е успешен доколку овој народ и држава се самоукине наводно ќе се отворел пазар од 500 милиони евра за на тој начин земјоделските производи би имале сигурен пласман

Трипуновски посочил дека евидентно Зоран Заев не знаае како да и реши проблемите на граѓаните на Република Македонија и својата неспособност ја покрива со лажни ветувања за подобар живот.

Според Трипуновски овие погубни политики кои што ги води власта доживуваат дебакл.

Трипуновски истакнал дека Република Македонија ќе тргне напред кога Зоран Заев ќе си замине од власт.

 

 

 

20.09.2018 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега