Турските метеоролошки служби издадоа предупредување - утре се очекува песочна бура

 

 

Турската метеоролошка служба денеска предупреди дека утре се очекуваат песочни бури во Југоисточна Турција, јави турската телевизија НТВ.

Песочни бури се очекуваат во областите Дијарбекир, Шарнак, Мардин, Сирт, Шанлиурфа и Батман.

Бурата доаѓа од Сирија кон Југоисточна Анадолија.

Турските власти ги повикаа жителите во овие области да бидат внимателни, посебно луѓето со проблеми со дишните патишта кои може да имаат дополнителни тешкотии.

Исто така, се препорачување и внимателно возење поради намалување на видливоста на патиштата.

 

 

 

17.10.2018 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега