УХМР со вонредна прогноза: Утринава сонце, попладне невреме а нова промена од недела

 

Нестабилно време со поројни врнежи од дожд проследени со грмежи се очекува во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта. Преку ден ќе дува јужен ветер кој ќе предизвика значително повисоки дневни температури кои ќе достигнат дури до 25-тиот степен.

Локално се очекуваат поинтензивни процеси, а врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови кога температурите ќе бидат во опаѓање. 

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат локален дожд и ретки грмежи за денеска попладне, а краткотраен дожд ќе има и во Скопската котлина

 

 

 

14.03.2018 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа