Ужас во Обреновац: Се обеси 9- годишно дете

 

Деветгодишно дете, доцна синоќа е пронајдено мртво во шупата во семејната куќа на  своите баба и дедо во населбата Скела кај Обреновац.

Спрема првичните информации, детето е пронајдено обесено, а се претпоставува дека се работи за самоубиство. Телото на момчето е најдено некаде околу полноќ, а смртта настапила нешто порано.

Според српските медиуми, детето живеело со баба и дедо, а неговиот татко бил починат а мајката се премажила за друг. Момчето последни го виделе бабата и дедото, им кажало дека ќе оди кај другарче да си игра.

Телото е предадено на обдукција а увидот е сеуште во тек.

 

 

 

 

18.02.2018 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа