Видео: „Имам подобар стан од нив, побогат сум и попаметен“ - Трамп се пофали пред цел народ

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп на вчерашниот митинг во Минесота повторно се пофали себеси и изнесе низа епитети на смета на американската „елита“, која ја поддржува Демократската странка во Америка.

„Дали забележавте дека другата страна секогаш ја нарекуваат „елита“? Зошто се тие елита? Јас имам многу подобар стан од нив, попаметен сум од нив, побогат сум, јас станав претседател, а тие не и јас ги претставувам најдобрите, најпаметните, најверните луѓе на планетава“ рекол Трамп.

 

 

 

22.06.2018 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа