Видео: Испливаа снимки од Пентагон - при лансирањето на ракетите врз Сирија и небото се вжарило

 

Пентагон објави сними од лансирањето на една од 105-те лансирани ракети од типот „томахавк“ на метите во Сирија.

Како што пренесуваат светските медиуми, станува збор за двојно поголем број проектили кои биле лансирани при нападот на американската војска кон сириските воздушни сили во 2017 година.

Во нападот кој е извршен на 14. април Вашингтон користиел и 4 стратешки бомбардери од типот Б-1, а флотата од Црвеното море и Перијскиот залив лансирала околу 60 видови ракети од типот „томахавк“.

САД, Велика Британија и Франција нападот го извеле ноќта меѓу 13. и 14. април врз Сирија, кога лансирани биле околу 100 проектили. Во овој напад нема жртви.

Претседателот на Русија, Владимир Путин оваа воена операција ја нарекол агресија на северната држава, потсетувајќи дека хемискиот напад во Сирија не е потврден.

 

 

 

17.04.2018 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа