ВИДЕО: Ја запросил стјуардесата на лет - прифатила, а потоа се случила катастрофа

Стјуардеса на кинеска авиокомпанија добила отказ откако нејзиното момче ја запросило среде лет.

Триесет минути после полетувањето, момчето на стјуардесата клекнало на едно колено и пред сите патници го поставило судбоносното прашање. Девојката рекла „да“ и патниците ракоплескале.

Посебниот момент бил уништен од авиокомпанијата Chinese Eastern Airlines , од која стјуардесата добила отказ поради „занемарување на сигурноста на патниците“.

-Приватно романтично однесување создало немир меѓу патниците, па се смета за сосема недоговорно кон нивната безбедност - наведено е во отказното писмо кое авиокомпанијата ѝ го испратила на стјуардесата.

 

 

 

 

20.09.2018 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега