Видео: Камерите забележале стравични сцени во Јапонија - ова е драматичен момент кога се се тресело

 

Три лица загинаа, а околу 200 се повредени во силниот земјотрес кој ја погоди Јапонија.

Земјотресот се лучил утринава во 7:58 часот по локално време. Околу 170.000 домаќинства останале без електрична енергија додека регионалниот железнички сообраќај е запрен и откажаи се неколку десетици летови.

Камерите забележале драматични моменти кога сѐ се тресело.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе веднаш после потресот се обратил до јавноста велејќи дека прв приоритет е спасувањето на луѓе.

Земјотресот бил со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала и бил на длабочина од 15,4 километри, а се почувстввал и во градот Осака.

Јапонија се наоѓа на така наречениот огнен појас на Пацификот, пространо подрачје каде често има земјотреси и ерупции на вулкани.

 

 

 

18.06.2018 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа