Видео: На овој начин заработува кралското семејство- не работар, ама парите од доаѓаат од сите страни

 

Британското кралско семејство има повеќе извори на приходи, а кралицата Елизабета Втора е „тешка“ 360 милиони фунти.

Дури 360 британски граѓани се побогати од кралицата, а кралоското семејство сепак е во специфична ситуација.

Елизабета Втора и нејзиниот најстар син, принцот Чарлс, најмногу заработуваат од својот имот и парите кои ги добиваат од парламентот. но, милионите доаѓаат и во џебовите на остатокот од семејството, на кое во саботата, 19. мај, му се придружи и американската актерка Меган Маркл, денес војвотка од Сасекс.

Трите главни извори на кралските приходи се кралската апанажа, војводствата Ланкастер личниот имот и инвестициите. Кралицата е од 12 века сопственичка на необележани лебеи, делфини и китови во кралтвото, иако како што се шегуваат економистите и експертите за кралското смејство, од нив веројатно не профитира многу.

Кралицата исто така поседува вредна колекција поштенски марки, бројни уметнички дела. Нејзиниот сопруг, принцот Филип од Единбурх сто така добива 359.000 фунти годишно за финансирање на неговата должност. Минатата гоина се пензионираше после 60 години јавна служба.

Принцот Чарлс и неговата сопруга, војвотката Камила исто така живеат од комбинација на јавни и приватни средства. Дур 90 отсто од нивниот приход доаѓа од најстарото водство, Корвол, основано 1337 година како извор за приход на кралското семејство. Корнов поседува и бројни недвижнини и имоти, фирми и заработува од нивното изнајмување.

Чарлс и неговото семејство заработиле изминатава година 20,7 милиони фунти. Со 1,3 милиони фунти од кралската апанажа и 461,000 од различни јавни институции, тоа е солидна заработувачка.

Сите тие пари, кралското семејство ги троши на платите на вработените, патувања и заштита. Околу 6,6 милиони фунти одат за синовите на Чрлс, но и во заштеда. Сега кога Хари се ожени, ќе добива поголеми приходи.

Инаку, Хари и Вилијам имаат и свое приватно богатство кое го наследиле од мајка им, покојната принцеза Дајана.

Не е до крај јасно како заработува остатокот од семејството. Елизабета Втора има уште три деца, а тие имаат свои деца и внуци.

 

 

 

21.05.2018 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега