Видео: Ова се последните моменти на Јулија Скрипал во Русија - камерите ја фатија додека шета

Руските истражувачи соопштија дека ја провериле рутата на движење на Јулија Скрипал, ќерката на рускиот шпиун Сергеј Скрипал која беше отруена заедно со својот татко, од нејзиниот дом во Москва до ародромот од кој одлетала до Лондон и тврдат дека не пронашле никакви траги на отров.

Американсата агенција потсетува дека Скрипал и неговата ќерка минатиот месец беа отруени во Велика Британија со воен нервен гас. Се наведува дека Јулија живее во Москва и била во посета на својот татко во Англија, што британските истражувачи ги довело до уверение дека можеби таа ја понела отровната супстанца заедно со себе.

Истражниот комитет на Русија синоќа објави на интернет снимка од безбедносните камери од московскиот аеродром „Шереметјево“ и соопшти дека е утврдена рутата на движење на Скрипал.

 

 

 

19.04.2018 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа