Владата предложи нов закон за бесплатна правна помош

 

На денешната седница Владата го разгледа и утврди Предлог-законот за бесплатна правна помош и изменте и дополнувањата на Законот за електронско управување. Законите ќе бидат доставени до Собранието за натамошна постапка.

Со Предлог-законот за бесплатна правна помош се уредуваат општите правила за обезбедување на бесплатната правна помош, а негова цел е да се овозможи и унапреди правото на физичките лица на пристап до правдата и правичната судска заштита преку обезбедување финансиска поддршка од страна на државата. 

 

 

 

20.02.2018 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа