Во петок се очекува да биде гласањето за промена на Уставот

 

Денеска заврши третиот ден од собраниската расправа за уставни измени.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ денеска на заедничка координација одлучија да се откажат од јаловата дебата која што се води во Собранието на Република Македонија, соопштија од партијата.

- Пратеничката група заклучува дека е кажано се и дека нема потреба од натамошна дебата во однос на предложените уставни измени и Договорот од Преспа што беше отфрлен од народот на Референдум. Истовремено, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ апелираат и до пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по предлогот на Владата на Република Македонија за уставни измени, стои во соопштението.

Воедно се посочува дека тие нема да гласаат за пристапување кон измени на Уставот.

- Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја изразија својата увереност дека предложените измени и амандманите на Уставот нема да минат во Собранието на Република Македонија и со тој свој став го запозна раководството на ВМРО-ДПМНЕ, при што едногласно ја потврдија својата позиција дека ќе гласаат против уставните измени, стои во соопштението.

Во петок продолжува расправата, а се очекува тогаш да биде и гласањето.

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири во денешното гостување во емисијата „Топ тема на Ваша страна“ кажа дека во петок ќе се знае дали ќе има двотретинско мнозинство.

 

 

 

17.10.2018 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега