Врие полиција кај Скопјанка - жителите итно евакуирани

 

Поради остар мирис кој го отежнува дишењето евакуирани се жителите од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“, во скопската општина Аеродром.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томески за МИА изјави дека повредени нема. Во тек е интервенција и известени се и другите служби.

Според првичните информации, пријавено е во полиција дека некој фрлил непозната материја во еден од влезовите. 

Во моментов полицијата врши увид, а на терен се противпожарно и амбулантно возило.

 

 

 

19.09.2018 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега