Вучиќ му возврати на Вулин за промена на ставот кон Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи го барањето на министерот за одбрана Александар Вулин, за промена на ставот кон Македонија и Црна Гора поради поддршката за членството на Косово во Интерпол, изјави вторпат денеска дека Подгорица и Скопје покажале колку Приштина им е многу поважна од Белград.

-Ние таа порака добро ја разбравме. Сакаме добри односи, но ги сфативме нивните приоритети. Ние ќе се однесуваме одговорно и сериозно, почитувајќи ги, но добро разбирајќи ги на кое место не ставаат и во согласност со тоа ќе се однесуваме и во иднина, изјави Вучиќ на отварањето на фабрика во градот Кула. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2018 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега