Затворските чувари го спречиле - човекот кој избоде тричлено семејство се обиде да се самоубие

 

Авганистанецот кој во средата со нож нападна и повреди четири лица во центарот на Виена, се обиде да се самоубие во затворот. Тој бил спречен од затворските чувари, кои веднаш реагирале и ги презеле неопходните мерки.

Џафар С. (23) е префрлен во болница и при прегледот е утврдено дека не си нанел сериозни повреди.

За време на сослушувањето Џафар С. изјави дека во Австрија пристигнал во 2015 година заедно со други бегалци. Тој минатата среда со нож избоде тричлено семејство и подоцна и уште еден бегалец бидејќи бил бесен поради условите за живот. 

 

 

 

13.03.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа